Осумнаесетгодишна девојка со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил мотоцикл.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на ул.Јордан Мијалков во Скопје, кога мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.
Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.