Пребрзото возење е навика на многу возачи во Македонија. До кога ќе биде така?До кога здивените возачи масовно ќе ги ставаат во ризик питомите ушесници во сообраќајот, а ќе си го ставаат и својот живот во ризик?
МВР вчера на територијата на цела држава санкционирала 520 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Инаку, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.
Колкумина што возеле брзо, а полицијата не успеала да ги види и казни останува само да претпоставиме. Да се надеваме дека полицијата ќе продолжи со уште посеопфатни акции за припитомување на здивените возачи.