ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаме негова смена

Oпозицискиот ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот. Според нив се видело дека Заев нема да ги прифати.

-Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери. Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта да не го штитат Филипче и да изгласаат негова смена.

-Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка. Одговорност мора да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестВооружени крадци ограбиле старец во Куманово во неговиот дом
Следна вестНа Скопје му недостасува чист воздух, хигиена, еко градини, паркови…