УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.
Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје утрото ќе биде посвежо, 10 степени, а преку ден 32.
До петок утринските температури ќе бидат од 4 д- 17 степени, а дневните меѓу 25 – 34.