Полицаец со службено возило тешко повреди пешак

Пешак од Велес е тешко повреден откако во него удрило патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.

Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена вчера во 07.50 часот во СВР Велес, а се случила  на улицата „Панко Брашнаров“.

Возилото „Шкода јети“ било управувано од полицискиот службеник В.А.(25) од Велес, а удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Велес.

Во незгодата Д.Т. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, информира МВР.

Претходна вестЛетото не се предава – неделава до 35 степени
Следна вестСтигна серверот за терминалите за отпечатоци од прст