Работниците кај нас намногу го користат анонимното пријавување на прекршување на нивните права и речиси 62 отсто од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права биле анономни.
Најголем дел од пријавите биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци и придонеси од плата, покажуваат податоците од апликацијата ССМ – мои работнички права.
– Од податоците може да се види дека најголем број пријави или 61 процент биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата, 18 отсто во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор, 12 отсто се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос, пет проценти се во врска со безбедност и здравје при работа и четири проценти биле во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.
Во однос на тип на пријави во најголем дел или 63 отсто се жалби, 22 отсто се за прекршоци и 15 отсто се барања.
-Педесет и девет проценти од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29 отсто од пријавите се во процедура, а 12 отсто се отворени и за нив се чекаат дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос, нагласуваат од ССМ.
Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 проценти од вработени, а 13 отсто од нив се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.