Институциите ги направиле сите неопходни безбедносни проверки во врска со лицата кои во земјава се згрижени од Авганистан и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата.
Ова е едниот заклучок од денешната седница на Советот за безбедност.
Во однос на втората точка, Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи.
-Имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен, се вели во соопштението по средбата.