Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочува дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.
Филипче вели дека престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации и затоа има и дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и тие може да се стават на располагање во секој момент. Тој тврди дека нема застој во доставата на терапија.