Мајка од Дебар го тепала и го терала да питачи својот осумгодишен син – таа е приведена, детето е во одземено

Дваесет и осумгодишната мајка од Дебар е приведена под сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

Според полицискиот записник во СВР Охрид, вчера околу 15:30 часот на улицата „Климетица“ во Струга, таа физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да пита.

Детето е пренесено во Општата болница во Струга каде што му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа ‘Мајчин дом за доенчиња и мали деца’ во Скопје“.

 

информира портпаролот Димоски.

По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Претходна вестПопладнево уште една група бегалци од Авганистан доаѓа во Македонија
Следна вестПристигнаа уште 44 Авганистанци