Веќе нема да биде доволна една доза вакцина – за сертификат ќе мора две

Сертификатот за вакцинација од октомври ќе се издава само откако едно лице ќе биде целосно вакцинирано односно и со двете дози, а не како што е во моментов кога тој може да се користи и само со една примена доза.

-Една од мерките која сигурно ќе се препорача, но исто така ќе оставиме доволно време да помине, е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина тоа ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во октомври, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Дали ќе има и нови мерки, ќе зависи од анализата која во моментов ја подготвува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и треба да биде готова во сабота. Истата треба детално да покаже каква е состојбата со бројот на новодијагностицирани случаи односно градовите каде се дијагностицирани, возрасните групи, опфатот на вакцинација во тие региони …

Претходна вестОбвинителството на Русковска почна да ја чешла документацијата за набавката на модуларната болница во Тетово
Следна вестИма деца заболени со ковид, ама за Филипче и Царовска тоа не е загрижувачко