Без жртви и повредени, само со сериозна материјална штета чија висина допрва се утврдува, вака доцна синоќа заврши гаснењето на пожарот во скопската адвокатска улица.
Почна некаде околу 21 часот, а првата фотографија ја објави МИА. Се запалил стар објект, веднаш за кафеаната „Стара куќа“. За среќа, и покрај густата поставеност на околните куќи и канцеларии, навреме е интервенирано за да не се прошири – а одело брзо.
По некое време, како што соопшти командирот на скопската противпожарна единица Владимир Симоновски, откако интервенирале со 4 противпожарни возила огнот бил целосно изгаснат.
До овој момент нема официјални информации за причините на настанувањето.