Нов силен земјотрес на Крит

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала.

Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово бил со прелиминарна јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 23 километри југозападно од градот Ираклион, пренесува „Екатимерини“.

Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Во селото Аркалокори едно лице го загуби животот, најмалку 20 беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.

Претходна вестГи слушна ли Заев внимателно претседателите Црвенковски и Иванов?
Следна вестСанкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар