Во нашата Македонија согласно Закон секоја година се доделуваат државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието,културата, техничката култура, спортот, здравствената,социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството. Награда “11 Октомври”, па “23 Октомври”, за државноста “8 Септември“ и така натаму…
Со наградата „8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на , афирмацијата и промоцијата на нашата земја на меѓународен план. Добитници на награда „8 Септември” можат да бидат спортисти, тренери и спортски работници, додека добитници на наградата „ 8 Септември” за животно дело, може да бидат само тренери и спортски работници. Наградата првпат е доделена во 2012 годиа и до денес ја добиле 50 тренери и спортски работници. Државата направила се достоинствено да се оддолжи на своите највредни граѓани во областа на спортот.
А за оваа година добитниците на награда „8 Септември” останаа непознати! Да, непознати. Бидејќи, не беше објавен Конкурс, како што е утврдено во законот, најкасно до 15 април, во годината во која се доделуваат. Не работеле комисии, не работел Одборот за доделување на наградата. Со еден збор, некој си поиграл со спортистите, тренерите, спортските работници. Си поигрува со народот и државата, си поигрува со нешто што е вредно за луѓето кои животот го посветуваат на спортот.
На 8 септември 2021 година не се додели Наградата. Некој заборавил, незнаел, неможел да ги реши пречките кои се јавуваат при реализација на вакви серизни проекти или едноставно не бил зрел и неможел да ја разбере вредноста на доделување на награди и признание кои го носат предзнакот ДРЖАВНИ НАГРАДИ. Согласно законот, стручните, финансиските и административните работи во врска со доделување на наградата „8 Септември“ ги врши, органот на државната управа наддлежен за спортот. Се прашуваме каде застанала работата, каде „функционерот и неговите експерти“ од повисок и понизок ранг, луѓе од доверба, но без стручност и компетеност, имале пречки, дилеми, нејаснотии, и најлесно им било да не доделуваат награда.
Можеби, експертскот тим на фунционерот и самиот тој – фунционерот, имале посериозни работи, имале поважни и повредни обврски. Сериозни креации во креирање на политиката за дистрибуција на државни средства; правеле и доправувале правилници; определувале кои федерации се подобни, а кои не; направиле сериозни анализи за објектите кому да ги дадат; кого да наградат; кои турнири се меѓународни; поделиле тоа што е за делење, ваму таму, од еден за друг, од друг за трет, се во интерес на развојот за развивање на развиени спортско-дистрибутивни центри, за се да биде јасно мора да се читаат законите, одлуките, решенијата……
И сега, што? Септември замина, со него замина и 8-от ден од месецот, Денот кој го славиме како Ден на независнота, со него замина и правото да се додели оваа награда.
Во 2011 година, спортските работници се изборија за своја, државна награда, со која ќе се наградуваат тренерите, спортските работници, селектори и сите оние кои не беа опфатени со законот. Го добија „8 Септември“ за ден на доделување на наградата. Промената на законот, во Собранието беше поддржана од сите пратеници, од позицијата и опозицијата и беше навистина голема придобивка за спортот.
Почитувани, финционери, „експерти“ од повисок и понизок ранг, именувани, избрани, сите луѓе од доверба, започнете ги активностите веднаш, оти многу бргу ќе дојде 8 септември 2022 година. Не треба многу, треба само да се конституира Одбор за доделување на Наградата, да се именуваат стручни комисии, да се објави Конкурс, да се пријават кандидати, да се валоризираат нивните спортски остварувања, да се објават добитниците надоцна до 3 септември и на 8 септември, на Денот на независноста на Македонија, да се врачат наградите.
А дали треба и има ли некој одговорност? Секако не! Бидејќи, Фунционерот е фунционален само 12 месеци, да очекуваме дека ќе профунционира во следниве 12 месеци.