Оставки нема, а барем ги проверуваат ли каблите во другите болници низ Македонија?

 

Конечно пред некој ден надлежните дадоа извештај зошто и како се запали болницата во Тетово. Краток спој во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби, а потоа и палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел била причината за катастрофалниот пожар во која живи изгореа 14 луѓе. Огнот, потоа, брзо се проширил поради високи концентрации на кислород…

Логични прашања кои сега се наметнуваат се: зошто несоодветни кабли имало во таа институција, зошто толку лесно гореше целата болница…? На одговорите ќе почекаме. Во меѓувреме премиерот Зоран Заев не ги прифати оставните на првите луѓе на министерството за здравство на чело со министерот Филипче.

Ете токму тие на кои не им се прифатија оставките, дали почнаа брза активност во правец на проверување на каблите и инсталациите во другите болници низ државата? Видовме колку и какви продолжни кабли се користат по македонските болнички установи. И тоа најчесто од оние најевтини кои се набавуваат по локалните пазари, а кои се многу ризични и лесно запаливи. Се потврди и дека модуларните болници немаат прегради кои би го запреле ширењето на пожарот. Тоа сега се поправа на другите места? Значи, доволно елементи да се изврши темелна проверка на сигурноста во болниците која што треба да се направи под итно.

Претходна вестСилен земјотрес ја погоди Далмација
Следна вестНовковска за пописот: Од турско од сега немало вакво понижување на официјалната статистика