41-годишен скопјанец ќе оодговара за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи заразен со корона вирус дошол во суд.
Настанот е регистриран на 10 март годинава кога заразениот се појавил во Кривичниот суд во Скопје. Тој претходниот ден добил позитивен резултат од извршено тестирање за SARS-CoV-2 вирусот во една лабораторија во Скопје. Но, наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.