Камчев останува во притвор во Шутка, одлучи Апелација

Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор, откако Апелација му ја одби поднесената жалба.

Бизнисменот неколкупати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција, но засега и понатаму останува зад решетки во истражниот затвор „Скопје”, каде е од март.

Камчев мерката притвор ја доби како обвинет во случајот „Плацови на Водно”.

На почетокот на септември, Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одбил понудената гаранција од речиси 2 милиона евра, по што тој поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Гаранцијата што ја нудеше Камчев се состоеше од нешто повеќе од 1,7 милион евра во имот и 200.000 евра во готовина.

Ова беше втор обид на Камчев со гаранција да излезе од Шутка, каде што се наоѓа од средината на март годинава, како еден од осомничените во случајот „Плацови на Водно“, заедно со експремиерот Никола Груевски, бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Претходна вестЗаев за изјавата на Ахмети за претседател Албанец: Тоа не се договара партиски, да сме живи да дочекаме
Следна вестПендаровски и Заев пак повикаа на национално помирување, но придонесуваат ли за тоа?