Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.
Денеска на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски надвоник кај месноста „Еребино“, патничко возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.