(ФОТО) ГТЦ ли е, депонија ли е?

Градскиот трговски центар е еден од симболите на Скопје и може да се смета за предвесник на денешните молови. И покрај тоа што е изграден уште во минатиот век (1973 година), тој натаму држи вредност на просторот. Причината е неговата локација во епицентарот на Скопје и тоа што нема некој дури и од надвор што не го знае.

Но ако прошетате низ него ќе видите дека ниту ја знаеме ниту ја цениме неговата вредност – ѓубре има насекаде, на клупите за одмор, покрај кантите за отпадоци, на плочките…

За да не биде дека зборуваме на памет, еве што забележавме ние за десетина минути прошетка и тоа само низ еден од трите ката – остатоци од храна, чаши од кафе, отпушоци и некакво си друго ѓубре кое беше оставено на самите клупи за одмор, иако кантите за отпадоци се на половина метар.

Па нашето прашање е: Дали вака оставате и дома?

 

Претходна вестЦената на бензините останува иста
Следна вестНаутро свежо, напладне сончево