Уште четворица Авганстанци си заминаа од земјава

Четворица возрасни и три деца од Авганистан, кои беа привремено сместени во земјава, изутрината од Меѓународниот аеродром „Скопје“, преку Истанбул, заминаа за Португалија, како нивно трајно одредиште.

Како што соопштија од Владата, станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште, во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Северна Македонија во моментов им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан.

Претходно, групи заминаа за Франција, Ирска и Грција.

Претходна вестПријателот на Шилегов
Следна вестУште 10 починати лица и 511 нови заразени за 24 часа