Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.622 тестирања, а регистрирани се 511 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 247, Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1 лице.
Регистрирани сe 497 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (82, 79, 64 и 51), 2 од Куманово (81 и 49) и по едно починато лице од Битола (71), Велес (75), Штип (67) и од Македонска Каменица (69). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191 од кои 3.177 во Скопје.