Случај „Плацови на Водно“, Мијалков со прашања до Ивановски – Теранова

Во судот, при случајот „Плацови на Водно“ обвинетиот Сашо Мијалков го распрашувал сведокот Александар Ивановски – Теранова околу дадениот исказ. Како што пренесува „Макфакс“ по речиси секое цитирање на исказот, Сашо Мијалков го интересирало дали сведокот има материјален доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал. Ивановски-Теранова негираше.

-Нели е нелогично преку тебе да се распрашувам за земјиште, туку за друг, како што кажуваш и ти, па не ја гледам причината зошто би прашувал, особено ако тој за кого ти кажуваш дека било наменето земјиштето имал секојдневен контакт со сите институции. Која е логиката?, праша Мијалков, на што сведокот одговори: „А што ако тој што гледал ДУП-ови не сакал да се знае дека има плацови”, на што Мијалков му рече: „Ќе ја видиме таа логика понатаму затоа што не е така”. Судијата реагираше на коментарот, а Мијалков врати: „Ако, да се разбереме малку”.

„Дали ти Алек имаш доказ дека сум ти се јавил?”, праша Мијалков, на што Ивановски-Теранова одговори: „Немам доказ, тоа беше телефонски”.

„Треба ли да ги снимам разговорите, ако барате доказ, немам”, одговори Александар Ивановски-Теранова на уште едно прашање за тоа дали за исказот и разговорите кои ги споменува има материјални докази.

Александар Ивановски-Теранова кажал дека нема доказ со кој може да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацови.

Инаку, Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочувал како биле купувани плацовите, но и становите на Бихачка каде што порано живееше Никола Груевски. Тој објаснил како била основана и фирмата „Сирах инженеринг” во Македонија, поврзана со офшор компанијата „Сирах” од Белизе. Потврдил и дека контактирал и со Никола Груевски, откако избегал во Унгарија. Според сведочењето на Ивановски-Теранова, Груевски барал станови за сопругата и децата.

Претходна вестРасте бројот на заразени – 436 нови позитивни и 7 починати за 24 часа
Следна вест(ФОТО) ГТЦ не е за гушкање, за жалење е