Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, од кои 3 од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.
Од направени се 2.732 тестирања, регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 5, Струмица и Берово – по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 321 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499, од кои 3.258 во Скопје.
Од ова би можеле да заклучиме дека бројката на заразени секојдневно расте, бидејќи досега бројката на позитивни од бројот на тестирани ретко надминуваше 12 отсто. Денеска тој процент е 16.
Но, да потсетиме дека Владата во вторникот, повикувајќи се на епидемиолошката состојба донесе одлука да се дозволи работа на клубовите и дискотеките со капацитет до 50 отсто, како и на објектите за свадби и веселби во затворениот дел.
Дополнително на тоа дури од 15 ноември за влез во затворени објекти ќе важат сертификати само со две примени дози вакцини. До тогаш и со една доза ќе може да се тераат забави. Притоа треба да се знае дека со една доза не се смета за целосно вакциниран, а веќе се дава и трета доза.
Може ли некој да најде логика во ова?