Во период од 6 август до 28 октомври на територија на државата се регистрирани 45 621 граѓанини позитивни на коронавирус.
Од нив 27% биле целосно вакцинирани, или 12 375 лица. Останатите 33 246 заразени односно 73% не биле вакцинирани.
Речиси ист е и односот кога станува збор за хоспитализација од ковид. Од лицата кои биле на примени на болничко лекување во овие два и пол месеци, 75% се невакцинирани додека 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Во период од 6.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1 592 пациенти со ковид 19. Од нив 1 310, односно 82% не биле вакцинирани, додека 18%, односно 282 се вакцинирани.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.