Смртноста кај невакцинираните во земјава е драстично поголема, велат надлежните

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на министерствот за здрвство. Во период од 6 август до завчера, на територија на државата од Ковид-19 починале 1.592 пациенти. Од нив, 1310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 201.708 од направени 1.378.530 тестирања. Оздравени се 188.024 пациенти, починати 7.108.

Во периодот од 6 август до завчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни Ковид-19, од кои 12.375 лица или 27 отсто биле целосно вакцинирани. Според статистика за последните речиси три месеци, 33.246 граѓани, односно 73 отсто од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани, се наведува во анализата на вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19, што вчера ја објави Министерството за здравство.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до завчера, на територија на државата од Ковид-19 починале 1.592 пациенти. Од нив, 1310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Претходна вестДенеска ќе се играат дуелите од 12.коло во ПМФЛ
Следна вестТрагедија во кумановско, застрелан ловџија