Сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини, најдоцна до 31 декември да започнат да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.
Ова денеска им го препорача Владата врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на државата.
Од Владата велат дека тоа е регулирано со одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија.