Мицкоски се откажа од ново мнозинство, бара брзи предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори кои, како што вели, ќе овозможат формирање стабилна влада способна да се соочи со предизвиците пред кои е исправена земјата.

Формирање ново парламентарно мнозинство, според него, нема да помогне во решавање на наталожените проблему, туку само ќе доведе до преговори и разговори, и разводнување на капацитетот за управување на институциите и ќе креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои штотуку завршија.

Дури и ако премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, рече Мицкоски, тоа нема ништо да промени, затоа што, како што нагласи ќе состанат на функција неспособните и корумпирани министри кои ја доведоа земјава во оваа лоша состојба.

-На крајот и самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а самите локални избори се доживеаја како референдум за актуелната влада, и народот жестоко ги казни. Се ставам на страната на народот и неговите интереси, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која оваа корумпирана Влада ја втурна. Брзи избори за кои нема да има алтернатива затоа што е потребна стабилна влада и наминување на кризите со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој вели дека доколку Владата го одбие предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и, како што рече, ја одбие подадената рака за брзи предвремени парламентарни избори тоа значи дека целокупното неуспешно функционирање од овој момент па натаму, ќе бидат исклучиво на товар и одговорност на оваа Влада.

 

Претходна вестЗаев во автобусот на Ахмети
Следна вестНапролет ќе се обновува пистата на скопскиот аеродром