Напролет ќе се обновува пистата на скопскиот аеродром

Од 28 март до 16 мај следната година, авиосооообраќајот на скопскиот аеродром ќе  се одвива од 17 часот и 30 минути до 9 часот следниот ден, најави денеска аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија.

Причина е обновата на пистата. За да не дојде до затворање на аеродромот и да  има само минимално влијание на авиосообраќајот, тој ќе се одвива попладне и во текот на ноќта.

Претходна вестМицкоски се откажа од ново мнозинство, бара брзи предвремени парламентарни избори
Следна вестУште еден случај на бившото СЈО влегува во судница