Вирусот се` уште засилено делува низ Македонија. A колку е силно делувањето на надлежните институции да се справат посоодветно со Ковид-19 и особено со последиците од вирусот вез населението?
Пандемија деновиве одново однесе мошне млада жртва. Шестнаесетгодишното девојче од тетовско Сиричино почина неколку дена откако било хоспитализирано во тешка здравствена состојба. Само неколку дена претходно 17-годишно лице не успеа да го победи вирусот. Бројката на починати на дневно ниво е мнгу голема. загрижувачка. Алармантно е тоа што тешкиот црн биланс во земјава веќе достигна преку 7.150 починати пациенти од почетокот на пандемијата.
Македонската јавност и натаму е во исчекување да и се објасни кои се причините за толкавата смртност од Ковид -19 со која сме меѓу водечките земји во светот. И натаму посериозни анализи нема, единствен протокол за лекување нема, некако ја снема и Комисијата за заразни болести, го снема и министерот за здравство кој изминатите 20 дена го гледавме само на митинзи, а по поразот го нема ниту неговите симпатизери… И она што особено загрижува е дека мерките за справување со ширењето на вирусот често пати се несоодветни, а не се исправаат, надополнуваат…
Цело време од властите се зборува само за потребата од вакцинирање, а потребата од подобро лекување на пациентите некако се става на страна. Што се прави лекувањето на потешките пациенти да биде подобрено?
Јавноста бара одговори – што е тоа погрешно во начинот на лекувањето бидејќи болеста е иста во сите земји, но кај нас лекувањето на посериозно болните многу повеќе завршува трагично. Министерот вели – доцна доаѓале пациентите во болница. Добро, а што тој направи да не биде така? Откри ли кои се причините за доцното доаѓање, да не има вина и во институциите? Ги подспастрија ли болниците?
Граѓаните бараат и одговори за протоколите за лекување, за тоа зошто не се побара помош од други држави и нивни медицински експерти. Зошто во Комисијата нема нов член кој ќе даде малку новина и поттик – има во Македонија и други соодветни доктори?
Велат пандемијата се уште е далеку од својот крај. Ни најавуваат нови бранови. Зошто тогаш нема и нови бранови во начинот на лекување на пациентите? Во прашање се човечки животи, министре – министерство, дај размрдајте се малку!