Го избодел со нож брат му во близина на општинската зграда во Бутел

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.

-Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.

Претходна вестВо Козле се лечат 21 дете со ковид, најмногу се на возраст од 8 до 16 години
Следна вестУтре без струја делови на Карпош, Гази Баба и Аеродром