Секретарот на Беса Аријанит Хоџа кој за цело време говореше во име на партијата и беше на фамозната средба во Собраниетто кога беше објавено дека опозицицијата има 61 потпис за рушење на Владата, на својот фејсбу-профил напиша:
-Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата. Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај се, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, напиша Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки.
Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.
Лидерот на Беса пак Билал Касами кој денеска по подолго време се појави во јавноста рече дека не е изненаден што пратеникот Реџепи не се појавил на седницата денеска. Најави дека подоцна ќе даде изјава.