Можно напуштање на опозициските редови и влез во владината колаиција најави синоќа лидерот на Алретнатива – Африм Гаши. До ова доаѓа само кусо време откако пратениците на оваа партија ставија свои потписи на барањето на опозициските партии за гласање на доверба во Владата. Тој беше еден од најгласните дека владата на заев мора да си замине од власта. Но, тоа синиќа не му пречеше на лидерот Гаши да изјави дека пратенциите од негова партија сега „ќе бидат конструктивни“.
Во интервјуто за телевизијата „21“ Гаши на директното прашање дали Алтернатива ќе остане во опозиција или ќе влезе во владата, тој рече дека е тоа „лесно прашање но и дека одговорот е тежок“.
-Да направиме анализи. Да се консултираме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, истакна Гаши.
Тој додаде дека немаат забелешки за СДСМ и дека таа партија има заслуги за членството на државата во НАТО, и за европската агенда.
–Ќе се консултираме со албанските политички фактори во регионот. Ни треба стабилност. Како претседател на опозициска партија би рекол дека добро е да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни, треба да има стабилност во земјата, порача Гаши.