Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Опозиционерите сметаат дека Заев е најлошото за Македонија и дека Власта не покажала синоќа дека има мнозинство.
– Владата е делегитимирана. Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност. Вчера Заев ја уби демократијата во државата, се наведува во партиското соопштение.