Синоќа опозицијата не успеа да изгласа недоверба на владата – и фалеше еден пратеник. Денеска СДСМ бараат оставка и извинување од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи како што објаснија, со денови го лажел народот дека има мнозинство и 61 глас за гласање недоверба на Владата.
-Оние кои се меници држеа пратеници сега устата им е полна со невистини, затоа оставка, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Кузеска вели дека народот може да биде спокоен, оти стабилноста е осигурена. Таа вели дека СДСМ разговара со сите пратеници кои се демократски ориентирани и интензивно работи на обезбедување на напредок на државата. Таа истакна дека
сега не е време за избори, туку за одговорност.
За потсетување, пред некој ден Централниот одбор на СДСМ заклучил дека поради поврзаност со светските текови и домашната политика усната оставка на заев по дебаклот на локалните избори треба да биде одложена додека не се стабилизира парламентарното мнозинство.