Заев го направи првиот чекор – му понудил на Гаши разговори за влез во Влада

Премиерот Зоран Заев денеска комуницирал со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и му пондил да избере кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно од Владата.

Гаши, неодамна за медиумите изјави дека немаат ниедна понуда, но рече дека прво б дискутирале со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, да видат кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие на процесот за излез од кризата.

И ако имаат заеднички точки, ако се усогласат, ќе продолжат да бидат конзистентни во тоа што сме биле досега како конструктивна опозиција. Но, доколку не може да се договорат ќе треба оваа работа да ја дискутираат во партиски органи.

Тој меѓу другото оцени дека сега не е добро да се оди на брзи избори, како што рече, со оглед на состојбата во која се наоѓаме, но и со тоа што во последните неколку години постојано сме во избори

Претходна вестДевет починати и 172 нови заразени – направени се само 1.483 теста
Следна вестСоветниците од ВМРО-ДПМНЕ во Штип ќе потпишат изјави со Северна, а потоа ќе се жалат