На 27.11.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И. (19) од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на три кривични дела, и тоа едно кривично дело „кражба“ извршено на 27.11 во куќа на ул. Баница, како и две дела „тешка кражба во обид“ на 25.11 во куќа на ул. Наум Охридски и во куќа на ул. Борис Канчевски во Скопје. Приведениот ги признал делата и против него по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.