Законот за заштита на децата е нов повод за недоразбирање меѓу Унгарија и ЕУ.
-Унгарија ќе искористи референдум за своите измени на законот за заштита на децата со цел да ја зајакне својата позиција против Брисел, кажа денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Првиот човек на унгарската влада истакнал дека така ја брани Унгарија.
– Не ми е гајле што вели Брисел за нашиот закон за заштита на децата и не сакам Венецијанската комисија да се меша во тоа како Унгарците ги воспитуваат своите деца, посочил тој.
Орбан наведува дека Унгарија морала да го користи сопствениот здрав разум, бидејќи во Европа, како што тврди, „постои лудило, бран на непочитување на правата на родителите да ги воспитуваат своите деца“, вклучително и прашањето за нивното сексуално образование.
-Владата може да ги заштити интересите на земјата само доколку Унгарците ги поддржат нејзините напори, истакна Орбан.