Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар, во саботата (4 ноември), на улицата „Македонија“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Џ. Х. (24).
Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при извршување тешка кражба во зграда на правно лице.
Украдените предмети му биле одземени и ѝ вратени на фирмата, а 24-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.