Денеска се очекува облачно време преку целиот ден со пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а локално и над 40 литри на метар квадратен воден талог.
Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Во утринските часови ќе дува засилен ветер од југоисточен, а во текот на денот слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 3 до 10 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре ќе има слаб локален дожд и снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер.