Кавга пред училиште: Моето дете се гуши од маската, дозволете да влезе на настава без неа

Мајка се буни и инсистира нејзиното дете да биде пуштено во училиште без маска во Скопје затоа што не може да ја носи. Овој настан преку видео на социјалните мрежи го објавила самата мајка – се работи за активистката Гордана Гоџо. Таа се снима само себе си при разговар со вработени во школото.

-Моето дете се гуши од маската и не сака да ја носи. Ова е уцена. Ова е кривично дело уцена, моја должност е да ве предупредам, им вели Гоџо на вработените.

Таа ги прашува вработениете (од кој еден е по малку и груб во конверзацијата) дали е разумно да се скратува можноста на нејзиното дете да не биде на час. Таа им кажува дека на час по музичко ги симнувале маските и воедно прашува која е гаранцијата дека носењето маска 6-7 часа нема да биде штетно по здравјето на детето. Им посочува и дека многу од децата, а и некои вработени ги носат маските под носот, а тоа не било проблем, додека ако не носиш маска е проблем.

Дел од вработените и објаснуваа дека мора да постапуваат по протоколи…

-Од што ве штити маската, во аптека сте побарале декларација да видите, реплицира Гоџо…

Видеото со конверзацијата на мајката и вработените во училиштето трае над 15 минути.

Претходна вестЗа една вечер казнети 157 лица кои возеле под дејство на алкохол
Следна вестКирил Петков е мандатар на новата бугарска влада