Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19: Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистриран e 261 оздравен пациент.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377, од кои 2.607 во Скопје.