Бугарскиот претседател Румен Радев најавил дека ќе го свика Советодавното тело за национална безбедност за прашањето со Македонија во првата половина на јануари,, пренесуваат бугарските медиуми.
-Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на Северна Македонија, но со почитување на националниот интерес. Важно е да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот живот на земјата е прашање од големо значење за Бугарија. Не еднаш сум повикал да престане говорот на омраза, нагласил Радев.