Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци М.А.(27) и А.Х.(20), поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Полицијата на 22 декември годинава на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, Кумановско, пронашла 40 мигранти – 21 лицеод Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција, од кои три се малолетни.
Било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека останатите лица се сместени во Прифатен центар.