Жичарницата на Средно Водно во текот на наредната недела повторно ќе профинкционира.
Во текот на изминатата недела извршен е и редовен преглед од страна на Државниот технички инспекторат при Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски.
Од ЈСП – Скопје велат дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичницата во услови на ковид-19, според кој е предвидено во една кабина да можат да се превезуваат максимум четири лица, односно искористеност на 50 проценти од вкупниот капацитет на кабината, а патниците треба да носат заштитна маска. Воедно, три пати во текот на денот ќе се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините.
Жичницата прекина со работа на 15.03.2020 година, како една од мерките за заштита од ковид-19. Оттогаш, практично е ставена во мирување, односно не работи со патници.