Загадениот воздух во Скопје повторно се чуствува и ако само отвориш прозор од дома. Особено навечер.
За жал главниот град се најде на црната листа на најзагадени градови во светот – и тоа на четвртото место со 197 микрограми на кубен метар штетни честички. И минатите зими Скопје беше рекордер и „славен“ град низ светот.
Апликацијата „Мој Воздух“ преку својата мапа покажува дека скоро сите општини во главниот град се обоени во црвено, што алармира дека нивото на ПМ10 честички е во опасна фаза.
Интересно е да се напомене дека вака загадениот воздух му засмета и на екс-градоначалникот Шилегов. Тој на „Фејсбук“ укажа на екстремно загадениот воздух.
Кабинетот на новата градоначалничка Арсовска, веднаш со соопштение потсети дека со Шилегов на чело Скопје станал еден од најзагадените градови во светот.
Ќе има ли уште размена на соопштенија-писанија не се знае. Се надеваме наскоро Арсовска ќе излезе со сет на мерки за да го намали загадувањето.