ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето да има пратенички прашања за Владата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за поставување пратенички прашања, соопшти денеска координаторот Никола Мицевски.

Тој вели дека Владата во оставка минатата недела избега од седницата за поставување пратенички прашања со образложение дека е во оставка, а пратенички прашања не можело да им се постават ниту на носители на јавни функции кои се бирани од Собранието.

Мицевски тука ги посочи и замениците министри кои иако се во оставка, се присутни на седница како подносители на законски решенија.

Според ВРО-ДПМНЕ ова е со цел да се заштитат Зоран Заев и министрите и да не дадат одговори за низа скандали, афери и штетни политики.

Затоа, информираше Мицевски, поднеле барање да се одржи седница за пратенички прашања и носителите на именувани функции, како што побара, да дојдат и да дадат одговори на пратениците и граѓаните.

Минатиот четврток, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека пратенички прашања нема да с еодржат бидејќи Владата е во оставка и не може да се поставуваат прашања на извршна власт која е во оставка. Притоа тој се повика и на деловникот и на претходните искуства.

Опозицијата пак инсистира дека Владата иако е во оставка таа ја врши функцијата до избор на нова и затоа треба да одговара на прашања.

Претходна вестБензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар
Следна вестСе расчистува дивата депонија во Долно Лисиче