39-годишен маж од Гевгелија пронајден починат во својот двор

Триесет и деветгодишен гевгеличанец со иницијали Т.И. синоќа бил пронајден починат во дворот од неговиот дом, соопшти МВР.

Случајот го пријавила Итната медицинска помош која пристигнала на местото. Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство.

Од полицијата информираа дека извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Претходна вестЃорчев: 8.000 мртви од КОВИД е ужасот на Заев и Филипче
Следна вест11 починати и 632 новозаразени од Ковид-19