Приведени лица од Танушевци поради шверцување стока од широка потрошувачка

Двајца жители на село Танушевци синоќа биле приведени за шверцување голема количина разновидна стока за широка потрошувачка, без соодветна документација.

Имено, на локалниот пат од с. Бродец кон с. Танушевци, кај местото наречено Чешма кон Рамно, околу 20 часот, при контрола на товарно возило „дајмлер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. А., била пронајдена поголема количина разновидна стока за широка потрошувачка, без соодветна документација за нејзиното потекло.

При преземање на службените дејства полициските службеници биле попречувани од Е. А.. Во врска со случајот на 14.1.2022 околу 00.00 часот од полициски службеници во реонот на Визбегово било забележано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф. А. од Скопје, брат на Е. А., кое не сопрело на даден знак за запирање, туку ја зголемило брзината и се упатило кон магацински простор. По обезбедена наредба од судија за претходна постапка, извршен бил преглед над возилото, при што било констатирано дека во него има поголема количина производи без декларација.

Во координација со јавен обвинител, лицата биле приведени во полициска станица, а возилата се обезбедени за понатамошна постапка и по комплетно документирање на материјалот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходна вест19 јануари, Богојавление (Водици), неработен за сите граѓани од православна вероисповед
Следна вест1.732 новозаразени и 13 починати од Ковид-19