До кога во Македонија ќе биде во примена сертификатот за примени вакцини против корона вирусот? Ваквата дилема е се почеста, особено по укажувањата на медицински експерти дека сертификатите треба да се укинат бидејќи не го оправдуваат своето постоење.
Впрочем, веќе сите потврдуваат дека заразата од Ковид-19 ја пренесуваат и вакцинирани лица. За воведената дискриминација врз еден дел од популацијата зборуваа и многу активисти.
Надлежните здравствени власти, меѓутоа, ваквите барања се уште не ги профаќаат. Наспроти ова, во другите земји веќе почнува процесот на укинување на ограничувањата за невакцинирани граѓани. Неодамна и британскиот премиер Борис Џонсон најави укинување на ваквите рестрикции и дека ковид-сертификати нема да бидат потребни за влез во ноќни клубови и за поголеми собири.
Микробилогот Никола Пановски, кој уште пред месец дена побара сертификатите да не бидат во јавна употреба, деновиве повторно потенцира дека ова мерка нема ефекти.
-Ова мерка нема допирна мерка ниту со медицината ниту со епидемиологијата. Актуелната состојба со брзото ширење на омикрон покажа дека не се загрозени само невакцинираните и документот за примени вакцини нема никаков ефект. Јас тоа јавно го зборев ама никој не слушаше. Е сега излезе Борис Џонсон и како приказна на деца кажа – царот е гол, е сега сите нема потреба од сертификати, потенцира Пановски.
Светската здравствена организација им препорача на земјите да размислат за укинување на ковид сертификатите.
Наспроти ова, новиот министер за здравство Беким Сали деновиве изјави дека се уште е рано да се зборува за укинувањето на сертификатите бидејќи опфатот на вакцинирањето е се уште низок кај нас. Тој воедно го повика и професорот Пановски да биде во Комисијата за заразни болести. Што ли очекува професорот да му каже за сертификатите?