Во декември намалено и индустриското производство и бројот на работниците

Намалување на индустриското производство, но и на бројот на работниците во индустријата во декември минатата година споредено со истиот период во 2020 година регистрирал Државниот завод за статистика. Индустриското производство лани во декември е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година. Според податоците на ДЗС во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Бројот на работниците во индустријата лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според податоците на ДЗС, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи опаѓање од 6,2 отсто, во Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1 отсто, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.

Претходна вестКога ќе се укинат ковид – сертификатите во Македонија?
Следна вестАрсовска: Ме напаѓаат луѓе кои потрошија милиони за лични хирови по кафеани