Фирма од Струмица блиска до поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски остварила приход од близу милион евра со работење со скопското јавно претпријатие „Дрисла“, обивни денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференцијата парискиот портпарол Наум Стоилковски праша како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски, склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра?
-Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра? Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?, потенцира Стоилковски.
Тој наведе дека договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, е првата работа откако „Дрисла“ станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски.
-Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата, рече Стоилковски.
Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.
-Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.